Раиконен: Догодина ќе се борам за титулата

0

Пилотот на Ферари, Кими Раиконен, вели дека напредокот на Ферари во послендите сезони е забележлив и истиот ветува дека следната година би можел да учествува во борбата за титулата.

„Следната година сакам да се борам за победа секој викенд и сакам да учествувам во борбата за титулата. Ја започнав сезоната не многу добро и не сум онаму каде планирав. Не бевме задоволни од болидот, но јасно е дека е потребно време за решавање на ова прашање. Сепак, следната сезона ќе биде поинаку“, вели Раиконен.

Тој дополнува дека многу нешта ќе бидат појасни по зимските тестови.

Share.

Leave A Reply