Кими Раиконен изјави дека во еден идеален свет би требало да му остави повеќе простор на Макс Верстапен за да се избегне инцидентот кој се случи меѓу нив на вчерашната трка во Ф1 реализирана за ГН на Јапонија.
Финецот се бореше со пилотот на Ред Бул за третата позиција кога на Макс помина преку тревата и при враќањето на патеката се закачи за Ферари-то.Кими тогаш ја изгуби позицијата и заврши петти со оштетување на шасијата додека Верстапен доби казна од 5 секунди поради опасно враќање на патеката и загрозување на безбедноста на возачите .
„Се обидов да поминам од надворешната страна и да му дадам колку што можам повеќе простор. Не верувам дека го направил тоа намерно”- вели Раиконен.