Новинарите во Шпанија денеска експресно го пронајдоа виновникот за шокантниот пораз на Каталонците на теренот на Рома и елиминацијата во Лигата на шампионите.
Тие го вперија прстот кон Хрватот, Иван Ракитиќ. Еве само дел од тоа што го напишаа влијателните медиуми на Пиринеите. „Неговата задача беше да му помага на Бускетс во средината како и да повлече напад кога е тоа потребно, но, тој не го направи ниту едното, ниту другото. Негов најлош натпревар во најлош момент“, пишува Мундо Депортиво.
„Марка“ наведе дека Ракитиќ не успеал да го наметне неговиот стил на игра на средината а „АС“ дека било невозможно да ја организира играта.