Весникот –„Марка“ најави дека шпанскиот фудбалски гигант Барселона во текот на зимскиот трансфер период ќе се обиде да ги продаде Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Артуро Видал.
Хрватот по доаѓањето на Де Јонг остана да ја грее клупата, Умтити во континуитет се соочува со повреди додека Видал не добива вистинска шанса од страна на тренот и затао самиот најави дека сака да си оди.
‘Според весникот, каталонците во јануари нема да купуваат туку ќе се обидат да ги продадат тројцата фудбалери со што драстично би ги намалиле давачките за плати и бонуси на споменатите фудбалери.