Ракометарите денес на пат кон Исланд

0

Ракометната репрезентација на Македонија рано утрово замина за Рејкавик и со две прелетувања преку Загреб и париз се очекува вечерва да пристигне во главниот град на Исланд.

Нашата експедиција попладнево ќе слета на Исланд и практично цел ден ќе го помине во патување, па селекторот Брестовац нема да има премногу време за подготовка на натпреварот.

Крилниот играч Дејан Манасков ќе пристигне директно на Исланд и заедно со останатиот дел од селекцијата ќе го одработи вечерниот официјален тренинг. Селекторот Данило Брестивац синоќа го скртаи списокот на патници за Исланд па од поширокиот список отпаднаа Серафимов, Димитриоски, Мартин Манасков и голманот Томовски.

Натпреварот Исланд – Македонија се игра утревечер со почеток во 21:45 часот по средноевропско време. Додека в недела истите ривали ќе се сретнат во Скопје со почеток од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Share.

Leave A Reply