Ракометарите добија благослов од МПЦ

0

Македонската црковна општина во Загреб денеска организираше Света Василичка литургија во чест на православниот празник на овој светец и православната Нова Година, а националниот ракометен тим присуствуваше на богослужбата по овој повод во „Роков Перивој“.

Согласно василичарските адети, тие од црковната општина добија и пригоден подарок, сребрена монета со мотив од Рожденството Христово и грбот на МПЦ-ОА.

„Вие сте апостоли, можевте да бидете било каде и да прославувате, но сепак дојдовте тука. Направивте едно чудо вчера, а ние веруваме дека ова сребро ќе го претворите во злато,- рече во своето обраќање надлежниот парохиски свештеник на МПЦ-ОА во Хрватска“, Протојереј – стварофор Кирко Велински, благословувајќи ги ракометарите заедно со Митрополитот Европски Пимен.

Нашите ракометарите денес имаат слободен ден, а единствениот тренинг ќе го имаат вечерва од 18.30 часот во салата „Дом на Спортови“,тоа ќе биде последна подготовка за утрешниот меч со Црна Гора  во натпревар кој почнува во 20.30 часот.

Share.

Leave A Reply