Нашата најдобра ракометна репрезентација попладнево го имаше и официјалниот собир пред претстојните последни два натпревари од евро-квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.
Македонија ја очекуваaт натпревари со Турција на гостински и Грција на домашен терен, а за овие средби селектор Данило Брестовац и дефинитивно нема да може да смета на услугите на левото крило, Дејан Манасков.
Ракометарот на Веспрем се повреди на полуфиналето на Лигата на шампионите во Келн против Киелце и нема да биде во можност да им помогне на своите колеги од репрезентацијата. Станува збор за хематом на ногата, па потребно му е повеќе недели мирување за целосно заздравување. Исто така неизвесен за овие дуели е и Стојанче Стоилов, кој имаше исцрпувачки фајнал-фор во Келн и по истиот се пожалил на повреда.
На денешниот собир не се појавија уште капитенот Кире Лазаров, како и бекот на Рајн Некар Левен, Филип Талески и голманот на Бенфика, Борко Ристовски кои ќе се приклучат вечерва и утре на репрезентацијата, што значи дека од понеделник ќе бидеме комплетни.