Ракометарите ќе добијат премија од 40.000 евра за двојна победа против Романија

0

Македонската сениорска машка ракометна репрезентација ја очекува баражот за пласман на СП во Германија и Данска, двомеч со селекцијата на Романија, а ракометарите денес добија дополнителен финансиски мотив доколку се пласираат на СП, а посебно ако тоа го направат со две победи.

На денешната седница на Управниот одбор на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) беше одлучено сениорите да добијат премија од 30.000 евра за пласман на Светското првенство (СП) наредната година. Бонусот би можел да биде значително поголем доколку се остварат две победи во баражот против Романија и на тој начин се пласираат на СП.

Милчо Чакаревски, директорот на репрезентацијата, зборуваше за изминатото Европско првенство во Хрватска и го оцени настапот како успешен, но и како турнир на кој е пропуштена огромна шанса за поголем резултат. Предлогот околу премијата за ракометарите беше прифатен, а износот на дополнителниот бонус за две победи над Романците ќе изнесува 10.000 евра. Тоа значи дека сумата која би можела да заврши кај  нашите репрезентативци изнесува  40.000 евра.

Решавачките бараж средби за пласман на СП наредната година против Романија ќе се играат на 10 јуни во Скопје, односно на 13 јуни реванш натпреварот на гостински терен.

Share.

Leave A Reply