Нашите најдобри ракометари денеска од 18.00 часот против Грција во салата – „Парк“ во Струмица ќе го затворат квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, кои имаат обезбедено евро-виза, најавуваат дека ќе се обидат да и се реваншираат на Грција за непријатниот пораз кој го претрпеа на гостувањето. Пред денешниот меч на југот на земјава, во нашиот табор беа направени три промени. Дарко Димитриевски ќе добие шанса на местото на Милорад Кукоски, кој со повреди на мечот со Турција. Во бековската линија ќе биде вклучен Горан Крстевски а шанса ќе добие и Мартин Серафимов.
Средбата Македонија-Грција која ќе започне во 18.00 часот во Струмица ќе можете да ја следите и на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ.