Нашите најдобри ракометари денеска од 18.00 часот во Ескишехир против домаќинот Турција ќе го одиграат претпоследниот меч во тековните квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Избраниците на селекторот, Данило Брестовац, доколку ја потврдат фаворитската улога и на теренот, дефинитивно ќе си обезбедат место на континеталниот собир. Во моментов на табелата во нашата група, Македонија и Исланд имаат по 5 освоени бодови, Турција има 4 а Грција 2 бода.
Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра в недела на 16 јуни против Грција во салата во Струмица.