Ракометарите ќе се комплетираат денеска

0

Македонската ракометна репрезентација продолжува со подготовките во Скопје пред дуелот во Ескишехир со Турција. Селекторот Брестовац денеска очекува комплетирање на репрезентацијата со доаѓањето на Талески и Лазаров. Во изјава за Спортското радио 90.3 за текот на подготовките вели:

„Попладне на тренингот треба да бидеме комплетни. Се надевам дека ќе успееме да го задржиме овој здраствен билтен добар се до мечот во Турција. Остануваат уште два меча во кој реално сме фаворити, но тоа треба да се потврди и на теренот. Важно е ние со каква сериозност ќе влеземе во мечот. Изненадувања секогаш има, знаеме како минавме со Грција, но сепак мислам дека се далеку од нашиот квалитет“, вели селекторот на нашата репрезентација, Данило Брестовац.

Share.

Leave A Reply