Барселона ја освои 10-та титула во Шпанија откако Ракометната федерација донесе одлука да го прекине првенството поради пандемијата на корона-вирусот.
Ниту еден тим нема да испадне од елитата која ќе биде дополнета со два тима од пониската конкуренција. Тоа значи дека Асобал лигата во наредната сезона ќе има 16 клубови .
Кога се прекина сезоната, екипата од Каталонија беше прва со максимален ефект и пет поени предност пред второпласираниот Адемар Леон.