Ракометарите остануваат мобилизирани

0

Нашите најдобри ракометари денеска од 17.30 во СЦ „Јане Сандански“ против селекцијата на Чиле ќе го одиграат и вториот контролен меч во рамките неделата на ЕХФ.

Селекторот Данило Брестовац откако повика неколку поискусни репрезентативци најави дека ќе направи одредени промени во однос на првата средба.

Ние се надеваме дека некоја од селекциите на Мундијалот во Египет во последен момент ќе се откаже поради проблеми со корона-вирусот и дека нашите играчи ќе го заземат нејзиното место. Тука се алудира на селекцијата на Чешка која има многу заболени.

Share.

Leave A Reply