Ракометарите претрпеа убедлив пораз и од Русија

0

Уште еден убедлив пораз на репрезентацијата на Македонија на светското првенство во ракомет во Египет. Денеска во меч од 2. коло во втората фаза на шампионатот, избраниците на Данило Брестовац беа високо поразени од Русија со 32:20 (19:9).

Одлуката за победникот, како и на претходните мечеви, падна во првиот дел. По лошиот старт Русија ја наполни нашата мрежа и на одмор замина со 19:9. На стартот на вториот дел ги задржавме Русите без гол цели 6-7 минути откако стигнавме во серија од 3:0 за да намалиме на 12:19. Сепак, потоа Русија се врати во препознатливиот ритам, си ја врати двоцифрената предност и до крајот ја надогради за плус 12.

Одличен меч кај Русите имаа Сорока (6 гола), Корнев (4) и Васиљев (4), додека за нашата репрезентација Кузмановски постигна 6 гола.

Share.

Leave A Reply