Македонската ракометна репрезентација попладнево ќе го има првиот собир пред стартот на подготовките за настап на СП во Германија и Данска. Селекторот Раул Гонзалес првата произвка ќе ја направи во Скопје на која се очекува да се појават 22 повикани ракометари од последниот список кој Раул го објави во саботата.