Ракометарите се враќаат дома

0

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Континеталниот собир откако во решавачкиот меч во групата „А“ загуби од ко-домаќинот на ЕП, селекцијата на Австрија со 32 спрема 28.

Анемичната игра во одбраната без поддршка од голманите, јаловиот напад и немоќта да се запрат полетните домаќини, донесе елиминација за нашата репрезентација. Во вториот дел откако домаќино виде дека победникот е решен го намали темпото и ни дозволи да го ублажиме поразот.

Стојанче Стоилов со пет голови беше најефикасен пред Кире Лазаров со три. Кај Австрија, Вебер постигна седум погодоци а Билик имаше шест.

 

Share.

Leave A Reply