Македонската ракометна репрезентација денес го промовираше новиот дрес со кој ќе настапува на Светското првенство кое за неколку дена започнува во Германија и Данска.
Официјалниот партнер на селекцијата „Д-спортска опрема“ и брендот „Хумел“ кои веќе неколку години ја обезбедуваат нашата селекција со спортска опрема денес во своите простории направија промоцијата на новата опрема. Спонзорот останува ист, „Хумел“, а разликата е само во дезенот на дресот односно неколку линии и нијанси кои се додадени на новиот дрес.
На нашата репрезентација и останува утре и официјално да го одигра првиот од двата контролни натпрервари со селекцијата на Србија, првиот кој се игра утревечер во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде од отворен карактер и сите кои сакаат ќе можат да го проследат во живо, а влезот е слободен. Вториот натпревар ќе биде од сатворен карактер и ќе се игра ден подоцна. Селекторот Раул веднаш потоа ќе треба да го соопшти списокот на оние кои ќе патуваат за МИнхен на 9.јануари.
Македонската репрезентација на Светското првенство ќе игра во група со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин, а првиот натпревар е против Јапонија, на 11 јануари во „Олимпикхале“ во Минхен.