Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалез, денеска го имаше првиот тренинг в пресрет на мечевите со Турција и Грција во рамките на квалификациите за Европското првенство. Искусниот стратег вели Македонија треба да ја оправда фаворитската улога и на теренот и дека не смее да ги потцени противниците.
„Сега ќе работиме со повеќе ракометари, го нема Миркуловски, но, другите се тука. Очекувам добро да работиме и да одиграме како и на претходните средби“ – вели Раул.
„Турција и Грција не влегуваат во така наречените големите репрезентации и затоа сите очекуваат наши лесни победи. Јас не мислам така, очекувам тоа да бидат тешки мечеви во кои ние сепак ќе победиме“ -нагласи селекторот на Македонија