Ракометарите заминаа за Турција

0

Македонските ракометари денеска заминуваат за Ескишехир, каде што утре попладне од 18 часот ќе го одиграат претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Со победа избраниците на Брестовац ќе го потврдат пласманот на европскиот шампионат,  па пото аќе стане само да се завршат квалификациите со последниот меч закажан за в недела во Струмица против селекцијата на Грција.

Селекторот од поширокиот список за мечот во Турција ги изостави Мартин Манасков, Горан Крстевски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски и Мартин Серафимов, а поради повреда нема да настапи Дејан Манасков.

Share.

Leave A Reply