Ракометарките ги чекаат новите предизвици

0

Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за место на СП во 2019.

Во стартното коло, Македонија од 18.00 часот ќе игра со Азербејџан додека во вечерниот термин ќе се сретнат Исланд и Турција. Утре наш противник ќе биде Исланд (18.00) додека в недела во завршната рунда од 20.00 часот ќе ги одмериме силите со Турција.

Мечевите ќе бидат во СЦ „Борис Трајковски“ а селекцијата која ќе го обезбеди првото место ќе настапи во јунскиот бараж. Во него ќе учествува и најдобрата второрангирана селекција од сите четири квалификациски групи.

Share.

Leave A Reply