Ракометарките ги добија противниците во групата

0

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денес ги доби противниците за претквалификациите со кои се обезбедува место во баражот кој води на Светско првенство во Шпанија 2021 година..

Нашите девојки до Сп може да стигнат преку два филтери, најнапред преку групата во која треба да освојат едно од првите две места, а потоа да играат бараж. Македонија се најде во групата 2 заедно со селекциите на Исчанд, Литванија и Грција.

Квалификации за бараж за Светското првенство:
Група 1: Словачка, Луксембург, Украина, Израел
Група 2: МАКЕДОНИЈА, Исланд, Литванија Грција
Група 3: Турцја, Португалија, Финска
Група 4: Австрија, Италија, Косово
Група 5: Белорусија, Швајцарија, Фарски Острови

Термините за претквалификацискиот турнир се 27-29 ноември или 4-6 декември. Овие претквалификации ќе се играат во турнирски систем во еден град, а од нашата група право прва да организира има соседна Грција. Во случај тие да се откажат, тогаш Македонија ќе го добие правото да биде домаќин.

Share.

Leave A Reply