Ракометарките ги добија ривалите во квалификациите за ЕП 2018

0

Женската ракометна репрезентација на Македонија се најде во група со Шведска, Србија и победникот од квалификациите меѓу селекциите на Финска, Фарските Острови и Грција во групата „А“ од квалификациите за ЕП 2018.

Денеска во Париз беше извршена ждрепката на групите од каде ќе се бараат патниците на ЕП. Со репрезентацијата на Шведска, македонските ракометарки ќе играат и годинава во баражот за СП 2017 во Германија.

Пласман на ЕП 2018 обезбедуваа првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација во квалификациите.

Share.

Leave A Reply