Ракометарките ги привршуваат подготовките

0

Нашите најдобри ракометарки ги привршуваат подготовките за претстојниот настап во квалификациите за Светското првенство во 2017 година.

Македонија е во групата 3 заедно со селекциите на Австрија, Исланд и Фарските Острови (домаќин на групата). Нашите девојки на турнирот ќе заминат в четврток од Скопје. Патот ќт ги води преку Истанбул и Копенхаген до Торшавн.

Македонија в петок во првото коло ќе игра со домаќинот Фарски Островски, потоа доаѓа на ред селекцијата на Австрија а во третото коло, Исланд. Првите две од групата ќе обезбедат место во баражите за Мундијалот.

Share.

Leave A Reply