По трите победи над Исланд, Литванија и Грција, женската репрезентација на Македонија денеска го чека противникот за бараж мечот од кој ќе може да се обезбеди место на Светското првенство во Шпанија.
Во првиот шешир се селекциите кои се можни противници на Македонија, како: Русија, Шведска, Унгарија, Србија, Црна Гора, Германија, Романија, Полска, Чешка, Словенија
Ждрепката е закажана со почеток од 15 часот.