Ракометарките издржаа само едно полувреме против Шведска

0

Женската ракометна репрезентација е поразена на првиот натпревар од бараж двомечот со Шведска и се наиѓа пред елиминација од баражот за СП 2018. Напата репрезентација вечерва загуби од Шведска со 20:31 (9:12) на средбата која се играше во СРЦ „Кале“.

Ракометарките на Македонија успеаа да им парираат на противничките само едно полувреме, а во вториот дел Шведкс анаправи голема разлика која беше недостижна за нашата селекција. Пресудни за овој пораз беа многу технички грешки во додавањата кои ги направија нашите ракометарки, но и малиот број на одбрани на нашите голмани. Шведска имаше голема предност на осум минути пред крајот кога водеа со плус девет (18:27), а потоа нашите ракометарки успеа да намалат, но само за кратко за на крајот да следуваат и нови голови за двоцифрена предност од 20:31 за Шведска.

Најдобра ракометарка во нашите редови беше Елена Ѓорѓиевска со седум гола, а Ливриниќ постигна четири, а по три постигнаа Душица Ѓорѓиевска и Сара Ристовска. Реваншот во Шведска ќе биде чиста формалност, а ќе се игра 13 јуни.

Share.

Leave A Reply