Ракометарките ја добија ветената премија

0

Ракометната Федерација на Македонија и ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација која обезбеди место во баражот за Светското првенство догодина во Германија.

Ракометарките ќе ја поделат сумата која им е доделена по квалификациите кои беа одиграни на Фарските Острови. Македонија на турнирот обезбеди пласман во баражот и сега ќе игра против Шведска која ќе ни биде последната пречка за пласман на Светското првенство во Германија 2017.

Првиот натпревар ќе се одигра во нашава земја a реваншот ќе биде во Скандинавија.

Share.

Leave A Reply