Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа од 31:21 над Литванија успеа да го потведи пласманот во баражот за Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се одржи во Шпанија.
Денеска нашите ракометарки одиграа уште еден одличен меч и не им оставија на противниките во ниту еден момент да се понадеваат на изненадување. На полувреме имавме предност од 3 гола (15-12), но во вториот дел комплетно го скршивме отпорот на противникот.
Сара Ристовска со осум гола и Стојовска со 5 беа најефикасни во составот на нашата селекција.
Утре во меч со Грција треба само да го потврдиме пласманот на првото место.