Македонските ракометарки ја остварија најважната победа на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман во вториот циклус од квалификациите за СП. Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ нашите ракометарки ја прегазија и селекцијата на Исланд со 29:21 (16:10).
За да се обезбеди бараж, девојките предводени од Симе Симовски ќе мора да ја победат Турција и да го потврдат првото место на табелата.
Турчинките вечерва играат со Азербејџан во меч од 2. Коло, а дуелот со нашата селекција го имаат утревечер од 20 часот.