Ракометарките ќе играат пријателски мечеви со Црна Гора

0

Вкупно 18 ракометарки се повикани од страна на селекторот на нашата репрезентација, Симе Симовски, за двата пријателски меча со селекцијата на Црна Гора закажани за 22/23. Март.

Тие натпревари доаѓаат како дел од подготовките за бараж средбите против Словенија во трката за место на ракометниот Мундијал.

На списокот на селекторот Симовски се запишани: Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Саздовска, Сара Рисотвска, Марија Гајиќ, Марија Штериова, Марија Николиќ, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакодива, Моника Јаневска, Александра Боризовска,  Елена Лавриниќ, Симона Стојановска и Габриела Величковска.

Share.

Leave A Reply