Ракометарките немаа проблеми со „Б“ селекцијата на Турција

0

Нашите најдобри ракометарки ја забележаа првата победа на меѓународниот турнир во Анталија во Турција кој се реалзира во рамките на ЕХФ неделата.

Тие по вчерашното реми со Италија, денеска ја совладаа младинската селекција на домаќинот со убедливи 37 спрема 19. Селекторот, Симе Симовски, им даде шанса и на помладите ракометарки кои во иднина треба да бидат костурот на селекцијата. Што се однесува до стрелците, најпрецизна во нашиот табор беше Андреа Седлоска која постигна 11 голови.

Според распоредот, Македонија денеска од 17.00 часот ќе се сретне и со најдобрата селекција на Турција.

 

Share.

Leave A Reply