Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз ги заврши квалификациите за ЕП во Франција. На денешниот последен меч во квалификациите, избраничките на селекторот Симовски загубија во Ниш од Србија со 35-30.
Со тоа, Македонија ги заврши квалификациите на 3. место во групата со 2 победи и 4 порази. Победит беа извојувани на двете средби со фарските Острови.
Овој натпревар беше последен во кариерата за македонската репрезентативка Мирјета Бајрамовска.