Ракометарките оптимистички влегуваат против Шведска

0

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) ќе го одигра првиот бараж меч против Шведска за место на Светското првенство во Германија. Пред „црвено-жолтите“ е исклучително тежок противник, но нашите ракометарки најавуваат максимум од себе и на двете средби.

Сара Ристовска пред мечот истакна дека нашата селекција е одлично воиграна и дека со враќањето на Бајрамовска, Македонија има шанси за изненадување.

Ракометарките се свесни дека во многу нешта ќе одлучува вечерашниот меч, па затоа ја побараа поддршката од гледалиштето за да се дојде до победа. Влезот во СРЦ „Кале“ ќе биде слободен.

Share.

Leave A Reply