Ракометарките тргнаа со подготовки за контролите со Италија

0

Женската ракометна репрезентација на Македонија вчера почна со подготовките пред контролните натпревари со селекцијата на Италија закажани за в петок и в сабота во Скопје. Во рамките на ЕХФ-неделата, селекторот Симе Симовски ќе има можност да направи уште еден тест на квалитетите на оваа генерација македонски репрезентативки.

Поради повредите на Елена Ливриниќ и Теодора Керамичиева на тренинзите беше повикана и Мери Арсениевска од Металург.

Share.

Leave A Reply