Ракометните репрезентации ги добија противниците за Медитеранските игри

0

Ракометните репрезентации на Македонија, машката и женската ги добија противниците во групната фаза на Медитеранските игри, што ќе се одржат во шпанскиот град Тарагона од 22 јуни до 1 јули.

Според најавата нашите две репрезентации во машка и женска конкуренција на овие игри треба да играат младински репрезентативци засилени со неколку поискусни играчи.

Ракометарите ќе играат во групата Д заедно со Србија, Египет и Турција, додека ракометарките ќе бидат во групата Б со Египет, Србија, Црна Гора и Турција. Ракометарите сезоната во Македонија треба да ја завршат на 2 јуни, а потоа ги очекуваат бараж средбите против Романија на 10 и 13 јуни. Ракометарките клупската сезона ја затвараат на 26 мај, а сениорките ги очекуваат два дуели од квалификациите за Европското првенство против Шведска и Србија на 30 мај и 3 јуни.

На претходните Медитеранските игри кои се одржаа во Мерсин – Турција пред пет години, ракометарите завршија на осмото место, додека ракометарките беа деветт.

Share.

Leave A Reply