Ракометраките ќе бидат меѓу носителите

0

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие противниците во првата квалификациска фаза за Светското првенство во 2021 година.

Ние ќе бидеме во првата по квалитет група заедно со Австрија, Словачка, Турција и Белорусија што значи дека ќе добиеме послабо рангирани селекции и ќе имаме полесен пат кон Мундијалот. Натпреварите ќе се играат турнирски кај еден домаќин во термините од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември.На крајот, првите две селекции од секоја група ќе одат во баражите.

Еве како се поделени селекции пред денешното формирање на групите Шешир 1: Македонија, Австрија, Словачка, Турција, Белорусија. Шешир 2: Украина, Италија, Швајцарија, Исланд, Португалија. Шешир 3: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел, Финска. Шешир 4: Грција, Луксембург

 

 

Share.

Leave A Reply