Рамос по мечот со Атлетико собори рекорд

0

Со погодокот од пенал на мечот против Атлетико вчера, Серхио Рамос го собори рекордот на постигнати голови во рамките на една сезона и тоа на 3 месеци пред крајот на оваа сезона.

Тој веќе постигна 11 гола, со што го надмина постигнувањето од 2016/17, кога 10 пати успеа да ги совлада противничките голмани. 6 од головите му се во првенството, 3 во Кралскиот куп и по 1 во Суперкупот на УЕФА и светското клубско првенство.

Дуелот против Атлетико Мадрид се покажа среќен за Рамос и од друга причина, откако тој се израмни со клупската легенда Хозе Антонио Камачо по настапи во првенството, сега и двајцата имаат по 414, што е 8-то најдобро достигнување во историјата. Повеќе дуели во „Ла Лига“ за Реал имаат само Пири (417), Хенто (427), Јеро (439), Сантиљана (461), Касиљас (510), Санчиз (523) и Раул (550).

„Секој може да има мислење, но ние ја постигнавме нашата цел и излеговме на второ место. Сакавме да се доближиме до лидерот и одигравме добар натпревар. Бевме цврсти во одбраната, речиси и не им дадовме шанса. Резултатот е фер”, рече Рамос по натпреварот.

Share.

Leave A Reply