Фудбалскиот состав на Реал Мадрид, објави, дека Серхио Рамос, ќе мора да го пропушти денешното дерби против Севилја во рамките на најсилниот фудбалски шампионат на Шпанија.
Корпулентниот дефанзивец има нови проблеми со мускулот на левата нога и ќе мора да оди на дополнителни прегледи по што ќе биде утврдено колку ќе му трае процесот на рехабилитација.
Капитенот на „кралевите“ кој пропушти голем дел од сезоната се врати на теренот во изминатата среда на дуелот со Челзи во Лигата на шампионите.