Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да го напушти клубот, пренесува „Диарио АС“.
Според изворот, Реал може да му понуди на Рамос нов договор за период од една година. Самиот шпански дефанзивец сака да добие двегодишен договор. Преговорите за новиот договор се очекува да се интензивираат во јануари. Доколку двете страни не се договорат, можно е Рамос да го напушти Реал Мадрид.
Рамос ги брани боите на Кралскиот клуб од 2005 година, а пред тоа играше за Севиља, од чија школаи потекнува. Со Реал Мадрид, играчот досега има освоено 22 трофеи, од кои четири Лига на шампиони и пет шампиони во Шпанија. Актуелниот договор на играчот со клубот е со важност до 2021 година.