Рамос: „Се надевам дека во четврток ќе ја славиме титулата“

0

Дефанзивецот на Реал Мадрид Серхио Рамос ја коментираше победата над Гранада со резултат 2:1 во натпревар од 36-то коло на Ла Лига.

„Сè уште не сме освоиле ништо, иако желбата на тимот да ја освои титулата е очигледна. Сега сè зависи од нас, остануваат уште бодови што треба да се освојат. Нашата цел по продолжувањето на првенството е да победиме на секој натпревар, а ние ќе се обидеме да го сториме тоа. Даваме се од себе за да го освоиме првенството. Со резултат 2:0 во наша корист, направивме грешка и примивме гол. Наместо да постигнеме трет гол, се опуштивме. Ова не може да се дозволи, бидејќи секој тим може да ве победи, доколку не го одржувате интензитетот на играта. Го добивме првото полувреме, но го загубивме второто. Ла Лига може да се освои само со стабилност и секојдневна работа. Се надевам дека во четврток ќе можеме да ја прославиме титулата“, изјави Рамос за „Марка“.

Share.

Leave A Reply