Екипите на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед се главните кандидати да го обезбедат потписот на фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, објави денеска – „Лондон Ивнинг Стандард“.
Велшанецот кој ќе остане без договор по крајот на сезоната од 1-ви јануари ќе има право да преговара со другите клубови. Според други пак, информации, за неговите услуги се заинтерсирани и луѓето од Тотенхем.
27-годишниот Ремзи ќе биде едно од најголемите имиња на трансфер пазарот во наредното лето. Тој јавно кажа дека сака да остане во Англија иако за неговите услуги се заинтересирани и италијанските екипи: Милан, Интер и Јувентус.