Рамзи се уште неизвесен за финалето од Лига Купот

0

Арсен Венгер се уште не е сигурен дали ќе може да смета на услугите на Арон Рамзи за финалето од Лига Купот на Англија, в недела против Манчестер Сити. И покрај шпекулациите дека состојбата на Рамзи е добра, стратегот вели дека се уште чека на потврда од лекарите.

„Ќе видиме каква ќе биде неговата ситуација и напредок од денеска до недела. Не можам да кажам ниту дека ќе игра, ниту дека нема да игра“, изјавил Французинот.

Оваа сезона Рамзи има само 19 настапи за Арсенал. Во својот последен меч постигна хет-трик против Евертон, па веднаш потоа го пропушти дуелот со Тотенхем.

Share.

Leave A Reply