Рандолф бил уапсен во Лос Анѓелес

0

Новото засилување на Сакраменто, Зак Рандолф, бил уапсен за поседување марихуана. Настанот бил во Лос Анѓелес а според официјалната верзија на полицијата, искусниот играч не ја поседувал забранетата материја за лична употреба туку имал намера да ја продава.

Апсењето се случил во Никерсон градината во Ел Еј а полицајците пристигнале во регионот поради пријава за толпа, гласна музика и блокирана улица. По пристигнувањето на органите на редот, три лица од присутните почнале да бегаат, но, подоцна се фатени и затворени а еден од нив бил Рандолф.

Ситуацијата прераснала во масовни немири во кои шест полициски автомобили биле оштетени. Рандолф неодамна потпиша договор со Сакраменто за две години и за 24 милиони долари.

Share.

Leave A Reply