Рангник доаѓа во Милан, што ќе биде со Малдини ?

0

Како што стојата работите, Милан во најскоро време ќе добие нов тренер. Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник, ја прифатил понудата да го предводи Милан од следната сезона.

Германецот добива целосна контрола на „Сан Сиро“, а тоа значи дека ќе биде одговорен за тимот, трансферите и развојот на академијата, што значи дека легендата на Милан, Паоло Малдини ќе има друга улога во клубот или ќе си замине. Рангник ќе го замени Стефано Пиоли, кој пак не успеа да ја сочува работата иако Милан може да обезбеди настап во Лига Европа откако влегоа во добра форма по продолжувањето на сезоната и се без пораз.

Каква ќе биде улогата на Малдини останува да видиме, претседателот Иван Газидис му понудил функција на амбасадор на клубот, но е е сеуште јасно дали Малдини ја прифатил оваа понуда.

Share.

Leave A Reply