Раониќ нема да игра во Индијан Велс

0

Најдобриот тенисер од Канада на АТП листата, Милош Раониќ, поради повреда, одби да се појави на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс кој ќе стартува на 9 март.

Раониќ кој го има четвртото место на светската ранг-листа заработи повреда пред десетина дена, поради која не успеа да излезе на теренот и во финалето на собирот во Делреј Бич. Тој сеуште не е опоравен и ќе мора да го пропушти првиот годинашен Мастерс.

Канаѓанецот кој во изминатата сезона стигна до финалето во Индијан Велс, сега ќе биде заменет во главната шема од Дмитриј Турсунов (Русија).

Share.

Leave A Reply