Расел Вестбрук поради операција го пропушта стартот на сезоната

0

Суперѕвездата на НБА и Оклахома Сити Расел Вестбрук најверојатно ќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција.

Бекот претрпе артроскопија на десното колено, а треба да биде прегледан повторно по 4 недели, но тешко дека ќе биде подготвен за првиот натпревар од новата сезона на 16 октомври против шампионот Голден Стејт Вориорс.

Дури и да добие дозвола да игра, тешко дека Оклахома би ризикувала и би го користеле, напротив сигурно нема да брзаат да го пуштат на теренот, бидејќи тој нема учествувано во предсезонските подготовки на тимот.

Вестбрук почувствувал непријатност за време на индивидуалната подготовка пред неколку дена и по направените прегледи донел одлука да се подложи на операција, за да биде во оптимална состојба за претстојната сезона.

29-годишниот кошаркар заедно со Пол Џорџ ќе се обидат да го однесат тимот на Оклахома Сити далеку во плеј-офот, откако минатата сезона екипата испадна уште во 1-то коло. Оклахома се раздели со Кармело Ентони, но затоа пак го привлече плејмејкерот Денис Шредер, за кого се очекува да има сериозна улога во играта на тимот.

Share.

Leave A Reply