Рашфорд постигна најбрз хет-трик во Лигата на шампионите како резервен играч

0

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд постигна хет-трик во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Лајпциг (5:0), објави Опта Спорт.

Напаѓачот влезе како замена во 63-та минута. Ова е најбрзиот хет-трик како играч кој бил на клупата за резервни играчи. До тоа време Манчестер Јунајтед водеше  со 1:0. Во 74-та минута англискиот клуб го зголеми водството благодарение на голот на Маркус Рашфорд. Неколку минути подоцна, во 78-та минута, Рашфорд го донесе својот тим во водство од 3:0, а во судиското продолжение, односно 92-та минута Рашфорд го постави конечниот резултат, а воедно постигна хет-трик. На напаѓачот му беа потребни само 27 минути за да постигне три гола.

Рашфорд постави нов рекорд и го надмина достигнувањето на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. На Мбапе му беа потребни 38 минути да постигне хет-трик откако влезе како замена на натпревар во Лигата на шампионите.

Share.

Leave A Reply