Раул: „Бахреин е различен од Јапонија, мораме да внимаваме и на гол разлика“

0

Селекторот на нашата ракометна репрезентација Раул Гонзалез веќе разработува тактика за следниот противник на нашата селекција, Бахреин.

Тој смета дека е добро што сме ја победиле Јапонија и тоа со голема разлика, но сепак Бахреин е различен од Јапонија и дека имаат сосема друг тип на играчи.

„Ја победивме Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Треба да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Доколку имаме шанса порано да го решиме натпреварот би било добро. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаа негатива од три разлика и тоа против европскиот шампион, а Бахреин имаше и шанса за да намали и на два разлика. Затоа треба да имаме многу почит кон ннив и не треба да се опуштиме. Ние цел натпревар го игравме одговорно со Јапонија, ќе треба да внимаваме и на гол разликата, таа може да биде многу важна особено кога се игра во група. Ако е потребно ние имаме сега добра разлика. Ќе се подготвиме ќе играат најдобрите и ќе одиме чекор по чекор и треба да бидеме фокусирани на победа. Бахреин игра различно од Јапонија, впрочем и различен тип на играчи имаат. Ако разликата и на следниот дуел биде истата како вчера јас ќе бидам задоволен“, изјави селекторот на нашата репрезентација.

Share.

Leave A Reply