Раул: Со добра одбрана во вториот дел стигнавме до победата

0

Тренерот на Вардар Раул Гонзалез, успеа да стигне до уште еден трофеј со „црвено-црните“ и да ја збогати витрина на РК Вардар со уште еден пехар.

Македонскиот шампион ја освои СЕХА-лигата по четврти пат, а по финалниот натпревар, шпанскиот стратег како и секогаш беше скромен и најнапред му честиташе на противникот за добрата игра, но и на своите играчи за победата.

„Честитки за екипата на Загреб, играа доста добро. Беа перфектни и дадоа добар отпор. Ние игравме добро во нападот и во одбраната, тоа беше клучот за победата. Загреб играше се подобро во мечот, но ние почнавме да се браниме добро со одбранбена зона 5-1 во второто полувреме и со тоа направивме разлика. Имавме еден гол предност во првиот дел, но во вториот дел драстично се подобривме. Успеавме да се одбраниме и направиме неколку контри при што постигнавме неколку лесни голови преку контри. Сега ни останува да се одмориме и да се подготвиме за нашите следни предизвици“, изјави Раул Гонзалез.

Share.

Leave A Reply