Раул ги избра играчите за премиерата со Јапонија

0

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез утрово ги одреди ракометарите со кои нашата репрезентација ќе нстапи на премиерата на Мундијалот, против селекцијата на Јапонија.

На првиот настап на ова Светското првенство во Данска и Германија, Раул се одлучи да ги остави на страна пикерот на Металург, Милан Лазаревски и голманот на Стразбург, Златко Даскаловски.

Во составот со кој ќе истрча Македонија денеска се: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

Дуелот со Јапонците го играме во Минхен со почеток од 15.30 часот

Share.

Leave A Reply