Раул го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска

0

Селекторот на ракометната сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, денес го објави поширокиот список од 28 ракометари кои ќе конкурираат за настап на Европското Првенство во Хрватска кое ќе се одржи од 12 до 28 јануари 2018 година.

На овој список селекторот се одлучи да стави пет голмани, три пивотмени, четири крила и 16 бекови.

Еве кој се најде на списокотна Раул Гонзалез. 

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Репрезентацијата на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб. Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари игра против Словенија, два дена подовна, односно на 15 јануари ќе играме против Црна Гора, додека групната фаза ја завршуваме со меч против Германија на 17 јануари.

Share.

Leave A Reply